И економијата зависи од вакцинацијата – не можеме да ја избегнеме таа реалност

EPA/RICK NEDERSIGT

Глобалната економија ќе се прошири за 4% во 2021 – Но, вакцинацијата ќе биде клучна за одржливо закрепнување. Развојните ризици ќе останат дел од економската активност, а приходите ќе бидат ниски додека трае овој период.

Какви се светските прогнози на економско ниво? Се очекува бавно средување на ситуацијата, освен ако креаторите на тековните политики одлучно не се посветат во смирување на пандемијата и спроведат реформи за зголемување на инвестициите – вака се огласи Светска Банка во своите Глобални економски извештаи за јануари 2021.

Иако глобалната економија расте во моментов, по смалувањето од 4,3% во 2020, пандемијата предизвика голем број смртни случаи и пост-ковидални искуства, многумина останаа без работа и долгорочно ги намали економските активности и приходи. Главните краткорочни приоритети на политички план би биле да се контролира ширењето на ковид-19 и да се осигура брзо и распространето вакцинирање на светската популација.

За да се поддржи економскиот раст, властите треба да овозможат нов инвестициски/инвестиционен циклус, посветен на одржлив раст кој нема да зависи од државата.

Дејвид Малпас од Светска Банка, даде изјава во однос на промените:

„Иако се чини дека глобалната економија влегува во некаков тивок процес на опоравување, креаторите на политиките се соочуваат со страшни предизвици – во јавното здравство, управувањето со долгови, буџетите, централните банки и структурни реформи, додека се обидуваат да се осигураат во сеуште ранлива состојба и да соберат сила и основа за силен раст. За да се надминат влијанијата од пандемијата, мора да се создаде флексибилност на пазарот и да се зајакнат производите, транспарентноста и управувањето низ работата“.

Со ова темпо, можеме само да се надеваме дека нештата ќе одат кон подобро, затоа што веќе имаме некакви научени лекции преку кои во иднина треба да се залагаме успешно да ги примениме. И не само во економска, туку и во секоја смисла. Важни се луѓето, зарем не? Токму тоа е и максимата по која се водат во Халкбанк АД Скопје и нивната поставеност на пазарот е секогаш во служба на корисниците.

Се проценува дека колапсот на глобалните економски активности во 2020 ќе биде нешто помалку сериозен одошто претходно се најавуваше, главно поради силната рехабилитација на Кина. Наспрема ова, нарушените активности во многу од земјите во развој доживуваат хронични потешкотии, повеќе од очекуваните, но со помош на глобалната заедница ќе може да се надминат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот