И денеска не излегувајте без чадор: Нестабилно време со дожд и силен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот