И Дејвид Бекам не е тоа што беше: Поранешниот фудбалер остана без коса? (ФОТО)

twitter/Footy Accumulators

Дејвид Бекам, меѓу другото, е познат по своите интересни фризури, но изгледа дека наскоро нема да го гледаме како експериментира…

Во британските медиуми се појавија фотографии кои, најблаго кажано, ги стаписаа неговите сограѓани. Бившиот фудбалер е фотографиран додека излегувал од еден локал, а веќе при прв поглед очигледно е дека косата значително му е проретчена.

Британските медиуми информираат дека Бекам досега вложил вистинско богатсво во негата на косата, а пред две години направил и пресадување коса.

За жал, не успеа да ја победи природата и тешко дека наскоро ќе го видиме да ги диктира трендовите кога станува збор за машките фризури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот