И да не се замрзнати цените, нема да има купувачи за поскапи сирења

Unsplash
Сирење, Фото: Unsplash

Државниот завод за статистика заблежа раст на цената на сирењето и на урдата за 0,6 проценти во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, но претставници на млечната индустрија велат дека засега, дури и да не се замрзнати цените, тие ќе остнат исти затоа што куповната моќ на населението не доволува понатамошен раст на цените.

– Состојбата во млечната индустрија е многу сложена. Се зголеми цената на сточната храна кај одгледувачите на добиток и ние зависно од квалитетот на млекото плаќаме  повисока цена за 10 до 15 проценти во однос на порано. Потоа, се се зголеми цената на струјата за 3 до 4 пати. На пазарот конкуренцијата е голема, доаѓаат производи од разни земји каде се водат разни политики во однос на субвенционирањето. Но ние кратиме секаде каде што можеме, за да ги задржиме цените. На крајот цените ги диктира понудата и побарувачката и ние мора да направиме производ што има кој да го купи, а мораме и да бидеме општествено одговорна компанија за да се вклучиме во зачувувањето на стандардот на граѓаните – велат од „Бимилк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот