И чеченскиот лидер Кадиров со обвинување за Макрон: Tој само го разгорува огнот, наместо да го гасне

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска го повика францускиот претседател Емануел Макрон „да запре со напади врз верата”, откако Макрон убиството на професорот во Париз го нарече „исламски сепаратизам”.

Макрон на 20 октомври предупреди дека француските власти „ќе се борат против секој што се залага за радикални идеологии и сè што оди со тоа”.

Претседателот на Франција го изјави тоа на погребот на убиениот професор, а истовремено вети дека во земјата ќе продолжат да се објавуваат карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика гнев кај муслиманите.

– Макрон е совршено свесен дека карикатурите на пророкот ги повредуваат верниците. Тој само го разгорува огнот, наместо да го гасне. Го советувам да престане да ја напаѓа верата. Додека другите европски лидери не започнат да ги почитуваат религиите, културата, моралот, нема да има убава иднина или мир во нивните земји. Исмевањето на религијата, потсмевот, во Франција се нарекуваат слобода на говор. На тој начин ги кршат вредностите и правата на другите луѓе, напиша Кадиров на Телеграм.

Прочитајте и...  Борис Џонсон именуваше министер кој ќе ги распределува вакцините против ковид-19

Чеченскиот лидер додаде дека никој нема право да исмева ниту една религија, додавајќи дека француските власти немаат храброст да признаат дека потсмевањето било причина за трагедијата во Париз.

Извор:МИА

ВИДЕО: Областа околу Триумфалната капија во Париз евакуирана поради закана за бомба

Поврзани вести

Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ

Михаило Донев

Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Михаило Донев

Србија: Рекорден број на смртни случаи во последните 24 часа од ковид-19

Слободен печат

ЛДП и Демократски сојуз на Mакедонците-ученици во Пустец им донираа книги и учебни материјали

Михаило Донев

Вчера редици за шопинг, денеска за ковид амбуланти: Хаос пред болниците во Србија (ВИДЕО)

Слободен печат

Приведен 36-годишен скопјанец баран со потерница

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian