И бугарски пратеник се обиде да испровоцира инцидент на Деве Баир

Ангел Георгиев, пратеник во бугарскиот парламент од радикалната партија Преродба, денеска на граничниот премин Деве Баир се обиде да испровоцира инцидент со македонските погранични полицајци. Тој на својот фејсбук-профил објави снимка на која се гледа дека македонските полицајци се обидуваат да го вратат во неговото возило, но тој упорно оди кон нив без никаква дозвола да се движи во просторот на граничниот премин. Со примена на сила од македонската полиција тој беше вратен во неговото возило.

Пратеникот Георгиев и неговите приврзаници бараа објаснување од полицијата зошто биле приведени тројца бугарски граѓани.

https://fb.watch/iujfYgw0ou/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот