И Борисов ја слуша „Корона чао“ на Дац и Александар: Песната ечи во неговиот автомобил (ВИДЕО)

Преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, која ја насловија „Корона чао“, стигна и до бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој синоќа на својот фејсбук профил објави видео како се вози во автомобил, а на звучниците ечи „Корона чао“.

„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се справиме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нашите нормални живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“, напиша Борисов во објавата со видеото.

Само с общи усилия, дух и дисциплина ще се преборим с коронавируса. Благодаря на всички български граждани, които спазват правилата. Само така ще се върнем към нормалния си живот. Благодаря и на Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski. Северна Македония може да разчита на нашата подкрепа!

Publiée par Boyko Borissov sur Samedi 25 avril 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот