И Борисов ја повика Русија „да престане да шпионира во Бугарија”

Bulgaria's Prime Minister Boyko Borisov arrives at the EU headquarters' Europa building in Brussels on December 10, 2020, prior to a European Union summit.,Image: 574955866, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: YVES HERMAN / AFP / Profimedia

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на неговата посета на градот Силистра, североисточна Бугарија, го коментираше случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.

– Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба, рече Борисов.

ВИДЕО I Гешев: Операцијата за откривање на групата за шпионажа во Бугарија е „невидена”

Дописникот на МИА од Софија јави дека Борисов коментирал дека „Бугарија има добро партнерство со Русија во повеќе области, но оваа активност на шпионажа мора да престане”.

Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк” на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.

Борисов посочи на неоспорната евроатлантска ориентација на Бугарија и потсети на „огромната работа што ја направи владата за диверзификација во сферата на енергетиката и воената опрема”.

Во градот Силистра, бугарскиот премиер Борисов го посети обновениот ферибот со Романија.

Според него, пред траектот да биде обновен, над 200 камиони поминувале низ градот секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот