И бомби и напади, палеж и убиства: Што сè преживеа американскиот Конгрес низ годините

На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Доналд Трамп упаднаа во Капитол во Вашингтон за време на широкото заседание на двата дома на Конгресот на САД за сертификација на резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година. Во хаосот и нередите загинаа четири лица.

Во минатото, разни политички сили се обидувале да го нападнат или заземат Конгресот на САД, објави Би-Би-Си. 

На 24 август 1814 година за време на британско-американската војна, Вашингтон бил окупиран од британската војска под команда на генерал-мајор Роберт Рос. Англичаните тогаш го запалиле зданието на Сенатот и Претставничкиот дом, недоизградената Бела куќа и повеќе други државни објекти. Запалена била и библиотеката на Конгресот. Според историчарите, тоа е единствен случај кога Капитол бил целосно заземен и разрушен. 

Напад со динамит на 4. јули 1915

Еден век после британскиот напад, Ерик Муентер, поранешен професор го германски на Харвард, фрлил три прачки динамит во приемната соба од Сенатот.

Експлозијата ја оштетила зградата, но никој не загинал.

Муентер подоцна рекол дека нападот бил одговор на американските финансиери кои ја помагале Британија против Германија во Првата светска војна.

Ден по нападот, Муентер го застрелал и повредил финансиерот Џеј Пи Морган Јуниор, пред да го совлада неговиот батлер, по што е уапсен. Подоцна си го одзел животот.

Напад на порториканските националисти -1954.

Четири членови на Националистичката партија на Порторико кои се бореле за независност на оваа карипска земја од контролата на САД, на 1 март 1954 година упаднаа во Конгресот и отворија оган од автоматско оружје. Во нападот биле ранети пет конгресмени. 

-Не дојдов никого да убијам, дојдов да умрам за Порторико, рече лидерката Лолита Леброн во текот на апсењето.

Уапсената Лолита Леброн и нејзините соработници /Фото: Everett / Profimedia

Леброн е осудена на 50 години затвор, додека тројцата мажи добија 75 години.

Сите казни подоцна ги ублажи претседателот Џими Картер. Неговата администрација рече дека пуштањето „би било значаен хуман гест и дека мнозинството од меѓународната заедница така го доживува“.

Групата после тоа се вратила во Порторико, каде толпата народ ги дочека со аплауз.

Бомба во Сенатот 1983.

На 7. ноември 1983 година одекна експлозија на вториот кат од Сенатот.

Само неколку минути пред експлозијата, некој тврдел дека од групата под името Вооружена единица на отпорот ја повикал централата на Капитол за да предупреди на иден напад, велејќи дека тоа е одмазда за американските воени акции во Гренада и Либан.

Немало жрви, но е предизвикана голема материјална штета.

ФБИ во 1988 година уапси седум членови на радикално-левичарската група „Resistance Conspiracy” поради напад на Капитол и одвоени експлозии во 1983 и 1984 година.

Линда Еванс и Лаура Вајтхорн се затворени поради завера и злонамерно уништување на имотот на владата во 1991 година. Двајцата сега се на слобода.

Во знак на протест против војната во Виетнам и бомбардирањето на Лаос, активисти од радикалната организација „Weather Underground“, активирале бомба на првиот кат на Капитол. Немало настрадани, експлозијата причинила само материјална штета, а разурнат бил делот од зградата каде се наоѓал Сенатот. 

На 24 јули 1998 година, Расел Јуџин Вестон –помладиот вооружен со револвер со калибар 38, се втурнал во зградата на Конгресот и отврил оган, при што загинале двајца полицајци. Според напаѓачот, основен мотив за стореното било неговото незадоволство од работата на сојузната влада. 

Лари Доусон, 66 – годишен жител од Тенеси, на 29 март 2016 година се обидел да отвори оган кај влезот на Капитол хил наменет за посетители на Конгресот. Како резултат на ова, бил ранет само напаѓачот и една жена случаен минувач. Инцидентот е наречен како „злосторничко дело на eдинечен демонстрант”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот