И Боки-13 избркан од судница

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

СМС комуникација помеѓу поранешниот пратеник од СДСМ, Александар Кирацовски и првообвинетиот во случајот “Рекет 2” Бојан Јовановски како и фотографии од потпишување на документи помеѓу Силјан Мицевски и Боки-13 беа презентирани на денешното продолжение од судскиот процес за случајот.

Воедно беше презентирано и барање од страна на Јовановски кој со СМС порака бара средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој пак му одговара со прашање на Боки-13 и бара објаснување од него за што станува збор, за започната истрага која се однесувала за голема сума пари.

Жолт картон за Боки-13 од судијката во случајот „Рекет 2“

Јовановски му пишувал неколку пати на Кирацовски и барал средба со него во период кога МВР започнала истрага против него, но таква средба не се случила.

Но, во еден момент Јовановски побара од обвинителката да ги именува лицата кои таа ги презентираше, по што Боки-13 беше опоменат од судечкиот судија да прекине со недозволеното и недолично однесување, по што од страна на судијката Софче Гаврилова-Ефремова, Бојан Јовановски беше истеран од судница.

Таткото на Боки-13 избркан од судница

Пред паузата од судница исто така поради недолично однесување беше остранет и неговиот татко Миле кој исто така е обвинет во овој случај, но по дадената пауза му беше дозволено да се врати на процесот.

Претходно застапникот на обвинението, обвинителката Милица Гаврилова, на денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз”, презентираше “What’s App”, комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, меѓу кои и лицето Адриан Амзоски. Од презентираните материјали можеше да се воочи како Амзоски, на обвинетиот Боки-13, му има пратено слики од различни катастарски парцели, од кои дел во Карпош и булевар Илинден.

Катастарски парцели презентирани на рочиштето за „Меѓународен Сојуз”

Исто така, беа презентирани и фотографии, а на една од нив може да се видат заедно, во друштво на едно женско лице, обвинетиот Боки-13 и актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот