И Бил Гејтс се вакцинираше

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, објави дека ја примил првата доза од вакцината против корона вирусот.

„Една од придобивките на моите 65 години е тоа што ги исполнувам условите за вакцината против ковид-19. Ја примив својата прва доза оваа недела и се чувствувам одлично. Им благодарам на сите научници, доброволци во истражувањата, регулаторни тела и медицински професионалци што се во првите редови на одбраната и кои нѐ доведоа до овој момент“, напиша Гејтс на Твитер.

Освен како сопственик на Microsoft и мета на многу теориии на заговор во врска со пандемијата на корона вирусот, Гејтс е познат како голем донатор кој инвестираше стотици милиони долари во развојот на вакцината. Во декември минатата година Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтини и подостапни вакцини против КОВИД-19.

Поединечно најголемата донација досега беше во ноември минатата година, кога брачниот пар Гејтс донираше 70 милиони долари. Со најновата донација фондацијата вкупно има донирано 1,75 милијарди долари во борбата против пандемијата.

Пред два месеци во својот подкаст Бил Гејтс ја најави можноста за избивање на нова пандемија, што беше ветер во грбот на многу теоретичари на заговор кои во Гејтс гледаат еден од главните виновници за корона кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот