И Алијанса и Алтернатива најавија повлекување на амандманите

Алијанса и Алтернатива

По повлекувањето на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за државјанство, истото го најавуваат и од Коалицијата Алијанса и Алтернатива. Од таму за Слободен печат велат дека денеска или најдоцна утре ќе ги повлечат илјадниците амандмани со кои ги блокираа законите од петтиот сет антикризни мерки. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски за повлекувањето на амандманите вели дека целтта е конечно да се изгласа петиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанстото.

-Во време кога над 55 илјади граѓани се останати без работа и кои едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, власта покажува неодговорност и кон граѓаните и кон стопанството. Бидејќи Владата до предлагачот достави негативно мислење, а со недели Зоран Заев и други официјални лица на СДСМ даваат изјави за неприфаќање на текстот на законот кој е во процедура, ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница и да се гласа за овој закон, вели Мицевски.

Од коалицијта Аа/А велат дека и тие ќе го сторат истото и ќе ги повлечат амандманите од законите од петиот сет антикризни мерки

-Откако ВМРО-ДПМНЕ го деблокраше Законот за државјанство со повлекуквање на амандманите и ние денес или утре ќе го сториме истото. Ќе ги повлечеме амандманите од петтиот пакет антикризни мерки. Очекуваме Законот за државјанство да биде донесен со конзснензус бидејќи и тој исто како и законите од петтиот сет економски мерки е во интерес на граѓаните, без разлика на националната припадност, вели Реџепи.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права оценуваат дека институциите треба да бидат поагилни во следните месеци и врз основа на постојните законски решенија да го решат проблемот за добивање државјанство на дел од граѓаните.

-Треба да се даде шанса на постојното законско регулирање и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30.06.2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (ЗНЛМКР). Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност во рамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и групи, пишува во заклучокот на Хелсиншкиот одкуимент испратен до медиумите.

Според Хелсиншки сепак доколку не се најде решение до истекот на рокот предвиден со постојните закони, тогаш треба да се пристапи кон нова законска регулатива.

-Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодавството и праксата на Европската Унија, стои во заклучокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот