Hyundai го претстави својот прв електричен автобус на кат (ФОТО)

Автобусот е дел од напорите на оваа компанија за намалување на загадувањето на воздухот во Кореја.

Првиот електричен „даблдекер“ автобус на Hyundai е опремен со полимерски погонски батерии со водено ладење со капацитет од 384 kWh.

Благодарение на овие батерии, автобусот може да помине до 300 километри помеѓу две полнења со електрична енергија, а во корејската компанија тврдат дека потребни се 72 минути за целосно полнење.

Електромотор од 326 коњски сили (240 kW) беше искористен за возење на автобусот, а за да има подобро маневрирање на мал простор, тој беше опремен со систем за контрола на сите 4 тркала.

Автобусот може да превезе до 70 патници – 11 седишта се наоѓаат на долниот и 59 на горното ниво на возилото.

Електричниот „даблдекер“ исто така е опремен со напредни системи за помош на возачот, како што се превенција од судир и одржување на возилото во рамките на сообраќајната лента по која се движи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот