Хутите ракетираа нафтена рафинерија во Џеда

Фото: mia.mk

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека со крстосувачка ракета погодиле нафтена рафинерија во Џеда, а државните медиуми во Саудиска Арабија сè уште не информирале за инцидентот.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Сари на Твитрер објави дека истралале крстосувачка ракета врз саудиската нафтена рафинерија на компанијата „Арамкод“.

Хутите во ноември минатата година ја ракетираа истата нафтена рафинерија.

Од 2015 година цели на Хутите се меѓународните аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура во Саудиска Арабија, а изминатите недели бунтовниците ги интензивираа нападите.

Саудиска Арабија ја предводи коалицијата и ја поддржува меѓународно признаената Влада во Јемен, која е во судир со Хутите кои, пак, имаат поддршка од Иран. Хутите во 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана и северниот дел од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот