Хутите објавија видео од киднапирањето на брод во Црвеното Море

фото: Screenshot "X" Хутите објавија видео од киднапирањето на брод во Црвеното Море

На видеото објавено од групата Хути со седиште во Јемен се гледа како мал хеликоптер слетува на товарниот брод Галакси Лидер. Потоа се гледаат вооружени мажи како ја преземаат контролата над бродот додека работниците ги држат рацете зад нивните глави.

На подолго видео објавено од групата се гледаат неколку глисери со палестинско и јеменско знаме околу бродот.

Знамињата се исто така прикажани како се веат на самиот товарен брод по преземањето.

Се верува дека околу 25 лица имало на бродот кој бил возен до брегот на Јемен.

Хутите рекоа дека бродот бил израелски, но Израел го опиша како товарен брод во британска сопственост, управуван од Јапонците, без израелски државјани на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот