Хупер: На Вучиќ му е полесно да се разбере со Тачи отколку да ја убеди Меркел за нивниот договор

Според него, „ЕУ покажува знаци на провинциско размислување во спречувањето на договорот помеѓу Србија и Косово“.

Специјалниот преговарач на Белата куќа за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел неодамна објави дека продолжува да работи на унапредување на сеопфатен договор меѓу Србија и Косово, пишува „Гласот на Америка“, наведувајќи дека после поставувањето на оваа позиција му испратил порака на претседателот Доналд Трамп,  дека економскиот развој е клучот за покренување на тој процес, затоа што „економскиот раст е најголем креатор на богатство за луѓето од овој регион“.

Гренел, во меѓувреме, посредуваше во постигнување на неколку договори како сообраќајниот договор помеѓу Белград и Приштина, потсетува „Гласот на Америка“.

-Паралелно, тој продолжи со приоритетната задача за унапредувањето на можниот мировен договор меѓу претседателите на Србија и Косово – Александар Вучиќ и Хашим Тачи, вели Џејмс Хупер, угледен балканолог и поранешен висок функционер на Стејт департментот.

И покрај внатрешните политички превирања и во Србија и во Косово, тие не претставуваат бариера за сеопфатен договор меѓу двете страни, рече Хупер, иако тие сугерираат дека следните неколку месеци може да бидат клучни.

Според него, Европската унија го држи главниот клуч – во многу погледи.

На Гренел е да помогне да се отстрани неспремноста на ЕУ, која го држи ветото, да прифати спогодба за прифаќање на договор што вклучува територијална компонента. Србија инсистира на тоа дека сеопфатниот договор мора да вклучува територијални елементи. Србија понатаму инсистира на членство во Унијата како резултат на сеопфатно решение, вели Хупер.

Според него, Србија и ЕУ – во реалноста на Германија – се наоѓаат на спротивни страни од нацрт-договорот кој е постигнат меѓу двајцата претседатели Вучиќ и Тачи.

-Се чини полесно за Вучиќ е да се согласи со Тачи отколку да ја убеди германската канцеларка Ангела Меркел да го прифати нивниот договор. Тоа не беше очекуваниот исход од разговорите Србија-Косово- продолжува Хупер.

„Гласот на Америка“ пишува дека „во следните два месеци, Србија ќе биде зафатена со изборите на 28-ми јуни, додека Косово го одложува формирањето на новата влада“.

-Во меѓувреме, Гренел ги има најмалку мај и јуни, кога ми можел да работи на тоа ЕУ да го прилагоди својот став за начинот на кој размислуваат Вучиќ и Тачи. Доколку американскиот специјален претставник не успее да ја убеди ЕУ да го прифати договорот за кој веќе се преговара, ќе згасне и сегашната поволна можност да се стави крај на конфронтацијата меѓу Србија и Косово- рече Хупер.

-Поттик за САД да го следат овој курс е дека српскиот и косовскиот лидер постигнаа огромен напредок во надминување на меѓусебните недоразбирања и несогласувања, кои не само што со децении ги обвинуваат односите меѓу двете земји, туку го одвлекоа вниманието од фокусирање на иднината на Балканот-вели Хупер.

Тој додава дека реално остварениот напредок сам по себе е достигнување, за што официјалните претставници на ЕУ не им оддаваат признание.

-Вучиќ и Тачи постигнаа повеќе од договори; тие имаат основа за воспоставување на целосно нови односи меѓу двете држави, вели Хупер.

Според него, „ЕУ покажува знаци на провинциско размислување во спречувањето на договорот помеѓу Србија и Косово“.

-Вучиќ и Тачи доследно демонстрираа софистициран пристап за решавање на проблемите во преговорите, како и за решавање на прашања што веќе долго време ги мачат мировните посредници. Задачата на САД е да ја убедат германската Унија, да се приклучи на нов начин на размислување за Балканот и да го напушти провинцијалниот пристап, што во основа го загрозува успешниот мировен пристап усвоен и од страна на Вучиќ и од Тачи- инсистираше Хупер.

„ЕУ треба да прифати територијална компонента“

Сеопфатниот договор со кој ќе се стави крај на конфронтацијата меѓу Србија и Косово „мора да вклучува територијална компонента“, што ЕУ треба да ја прифати, вели Хупер, кој исто така предупредува дека доколку се исклучи територијалниот компромис како дел од спогодбата – дури и кога двете страни меѓусебно ќе се договорат, тоа би го „убило“ договор и веројатно ќе го влоши мировниот процес.

Не постои можност за преговарачки план Б по евентуално отфрлање на постоечкиот договор, вели соговорникот за „Гласот на Америка“.

-Неуспехот на Заедницата на српските општини, како што беше договорено во Договорот за Брисел, предводен од Лејди Ештон, со значителна поддршка од САД, јасно покажува дека делумните договори се ќорсокак, тврди Хупер.

Тој, исто така, го отфрла ставот дека претходното воведување мерки за градење меѓусебна доверба ќе обезбеди поцврста основа за подоцнежен сеопфатен договор.

Овој аргумент „го игнорира фактот дека водачите на Србија и Косово веќе изградиле и меѓусебно прифатиле сеопфатни задачи без воспоставување на било какви палијативни мерки за градење доверба, рече Хупер.

Според него, ЕУ сега е соочена со избор помеѓу прифаќање или одбивање на договорот, што потенцијално би можело да ги трансформира односите меѓу Србија и Косово со цврста американска поддршка или обратно – затворање на патот за помирување на неодредено време меѓу двете најнепријателски настроени земји во регионот.

-Најдобар чекор за ЕУ е да го поддржи договорот, да понуди забрзан процес на членството на Србија, како и да и обезбеди Хрватска да не ги блокира сериозните и добронамерни напори на Белград за исполнување на барањата на Брисел за секое поглавје за членство во европскиот блок, заклучува реномираниот американски балканолог Џејмс Хупер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот