Хунтата во Мјанмар со закани кон демонстрантите: Ќе пукаме во глава

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Воената хунта во Мјанмар денеска предупреди дека припадниците на безбедносните сили ќе пукаат во главите на демонстрантите.

– Треба да знаете дека можете да се најдете во опасност да бидете погодени во глава или грб, изјави претставник на хунтата во обраќање до демонстрантите, што е прво признание дека постои наредба да се пука за да се убие.

Претходно денеска мјанмарските безбедносни сили отворија оган и убија тројца демонстранти. Според очевидци, двајца од загинатите биле погодени во глава.

Според податоци на активистичката група Асоцијација за помош на политичките затвореници, најмалку 320 луѓе се убиени во демонстрациите што почнаа по воениот удар што се случи на 1 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот