Хуманоста на дело: Познати кои донирале пари за борба против вирусот

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Се чини дека ситуацијата со пандемијата од коронавирусот буди во нас чувства, кои претходно можеби не сме ги препознавале. Сакаме да признаеме или не, самата изолација влијае на психичката состојба на луѓето, буди анксиозност и го зголемува стресот. Сепак, додека едни ги обвинуваат туристите за ширењето на вирусот, одредени личности покажаа хуманост на дело.
Познатите ѕвезди и познати брендови со своите донации ги покажаа човечките вредности кои неизмерно се ценат. Тие со своите пари обезбедија средства за лечење кои им се потребни на заболените.

Џастин Бибер
Славниот пејач во средината на февруари донираше 29.000 долари од личните средства, на фондација во Пекинг, која им помага на децата заболени од овој вирус.

Instagram

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Еден од омилените парови кои многупати досега се истакнале со својата хуманост. Тие поддржуваат неколку хумантитарни акции, а за оваа борба донирале милион долари!

Instagram

Џорџо Армани
Познатиот моден дизајнер донирал 1, 25 милиони евра со желба да се спречи коронавирусот во неговата земја. Армани е еден од најбогатите луѓе во Италија.

instagram

Доменико Долче и Стефано Габана
Основачите на најпознатиот бренд Долче и Габана во февруари донирале пари за Универзитетот „Хуманитас“, кој ја проучува реакцијата на имунолошкиот систем на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот