Хуманост на дело: Анонимно лице обезбеди дом за самохрана мајка на четири деца

Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.

Хуманитарната организација „Класје на добрината”, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во неволја, кое било без сопствена куќа. Идентитетот не сакаа да го објават со цел, како што велат, да ги почитуваат принципите на хуманизмот.

– Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија. Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство. Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен. Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината” во Кичево.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот