Хумано дело на Димитар Атанасовски: „Среде невреме помогна на непознат човек, на него имаше 20 литри вода и го маваше град“

Фото: Скриншот/Инстаграм

Скопје вчера беше зафатено од пороен дожд, силен ветер и појава на град, нешто што ги затекна голем број скопјани.

Македонската пејачка Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс, сподели дека нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, направил хумано дело и безрезервно му помогнал на непознат човек во невремето.

„Застана со кука да го влече, да помогне на рандом човек на патот, затоа што е великан, е затоа.

Со две деца заспани во автомобилот, со правење жива вода, заради чистата намера да помогне некому, со муабетот дека и ‘тој кога би можел би го направил истото’…

Не за сликање колку е хуман за на Инста, не за на Фејсбук, не за ‘еве јас што направив’… Просто зашто е ретко добра душа. Голем човек си Димитар Атанасовски, затоа Универзумот те сака“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

„Аквамен и јас“, додаде таа, потенцирајќи колку е горда на својот сакан.

ФОТО | Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски го прослави третиот роденден: Иста фризура како мама и забава од бајките

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот