Хуманитарната организација Мерси корпс се повлекува од североисточна Сирија

Фото: Профимедиа

Хуманитарната организација „Мерси Корпс” денеска соопшти дека ги запира операциите и го повлекува странскиот персонал од североисточна Сирија, од каде, поради турската воена операција, околу 130.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Агенцијата, која доставува помош во регионот од 2014 година, соопшти дека од почетокот на турската операција минатата недела, таа ги снабдувала цивилите со свежа вода и други основни намирници.

„Не можеме да работиме ефикасно во ситуација кога областа е изложена на силно бомбардирање, кога патиштата се затвораат и постојано се менуваат завојуваните страни”, се вели во изјавата на организацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот