Хуманитарна акција во Велес на граѓанската организација „Подари насмевка”

Хуманитарна акција за собирање храна и средства за хигиена за деца со посебни потреби, самохрани родители, деца без родители и социјално загрозени семејства се одржа денеска во Велес, во организација на скопската граѓанска организација „Подари насмевка”. Во акцијата помогнаа и шест часа на собирните пунктови волонтираа 15 члена од РБ „Кочо Рацин”.

Освен храна и хигиенски срдства граѓаните донираа и пари во кутиите за донација поставени на штандовите пред маркетите на „Жито” каде се собираа хуманитармите прилози од граѓаните.

Делчо Костов командант на РБ „Кочо Рацин” на ЗГ „Акцијаши ветерани” оцени дека одѕивот на велешани на акцијата за собирање на хуманитарна помош бил добар. Тој појасни дека тие само помагале на акцијата, а за резултатите од собраната хуманитарна помош ќе извести организаторот од граѓанската организација „Подари насмевка” од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот