Хуманитарна акција во гостиварско Чајле: Донации за изградба на пет куќи за сиромашни семејства

Фото: mia.mk

Соселани, печалбари и локални компании, преку хуманитарна акција, ќе изградат пет објекти за домување на сиромашни и социјално загрозени семејства во гостиварското село Чајле.

Жителите на селото Чајле, едно од побројните населени места во гостиварската општина, преку иницијатива на месната заедница деновиве ги утврдија активностите и планот со кој пет семејства ќе добијат нови и пристојни живеалишта.

Претседателот на месната заедница Чајле, Синан Елези во присуство на локалниот муфтија го означи почетокот на изградбата на две куќи. Елези искажа јавна благодарност до иселениците кои помогнале во прибирањето на средства.

– Нашите сонародници преку швајцарската фондација за развој „Чајла” покажаа хуманост и тие заедно, поддржани од локални компании, ни влеваат надеж дека ќе се соберат потребните средства. Денес започнавме со две, а напролет и останатите од планираните вкупно пет куќи, рече Елези.

Во име на Фондацијата за развој „Чајла“, активноста во татковината ја поздрави претставникот Сафет Реџепи. Тој се им заблагодари на иницијаторите кои воделе сметка помошта од дијаспората да стигне до оние на кои најмногу им треба. Реџепи во оваа прилика најави и финансирање на изградбата на објект во кој ќе се чуваат алати и машини кои се употребуваат за одржување на хигиената во селото и поправки на инфраструктурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот