Крводарителска акција во Гевгелија: Собрани 68 единици крв

Фото: mia.mk

Во крводарителската акција што денеска ја организира Општина Гевгелија под мотото „Дарувај крв, спаси нечиј живот” беа собрани 68 крвни единици.

– Сакам да упатам голема благодарност до сите крводарители, затоа што со својата хуманост спасуваат нечиј живот во услови на пандемијата од ковид-19 кога драгоцената течност е уште повеќе потребна. Како Општина, секогаш ќе останеме отворени за соработка при организација на вакви акции, особено по денешниот резултат и пораката што ја упатија гевгеличани дека хуманитарните акции ги сметаат за приоритетни вредности, истакна градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

Денешната крводарителска акција, Општина Гевгелија ја организираше во соработка со Одделението за трансфузиска медицина и Домот на културата од Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот