Хуманитарна акција на амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје

 Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти, за да го одбележи Американскиот Национален ден на служба и сеќавање.  

Лицата заинтересирани да даруваат крв и конзервирана храна ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот.  Амбасадорот Кејт Брнз ќе им се обрати на присутните во 11:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, и претставничката на Институтот за трансфузиона медицина, др. Рада Грубович, соопштија од Амбасадата.

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот