Хуманитарна акција на „Банка за храна” за засегнатите од пожарите и екипите што се вклучени во справувањето

Фото: МИА

 Невладината организација „Банка за храна” започнува со хуманитарна акција за помош на волонтерите и дежурните екипи што се вклучени во секојдневните акции за смирување на пожарите на територијата на државата, како и поддршка за жителите од загрозените подрачја.

Како што информираат од Општина Центар, сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании што сакаат да се вклучат во хуманитарната акција, може да ги остават своите донации во општината, секој работен ден од 8 до 15 часот, или да се јават на телефонскиот број 076 313 383.

Дополнуваат дека „Банка за храна” во соработка со Општина Центар, до сега има обезбедено пакети со вода и прехранбени производи со поддршка од општествено одговорни компании и хумани граѓани и апелираат до сите граѓани и компании да се вклучат во хуманитарната акција која започнува во понеделник и заеднички да помогнеме за полесно справување со алармантната ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот