Хуман гест: Го победи ракот на коските, па го продаде освоениот медал од Олимписките игри

Андрејчик од Полска го освои среброто во Токио во фрлање копје/EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Победничката на сребрениот медал во фрлање копје на Олимписките игри во Токио, Марија Андрејчик од Полска, ја воодушеви планетата со својот хуман гест.

Полската олимпијка одлучи да го продаде својот сребрен медал од Олимписките игри, со цел да ги собере средствата неопходни за лекување на младо момче, Милош.

Андрејчик го стави на аукција највредниот медал во својата кариера, а среброто од Токио беше продадено за 44.000 евра.

Оваа спортистка веднаш им ги исплати парите на родителите на малиот Милош, кое треба да има тешка хируршка операција на срцето во Соединетите Американски Држави.

– Вистинската вредност на медалот останува во срцето засекогаш. Медалот е само предмет, но може да биде од голема корист за другите. Ова сребро може да спаси животи наместо да собира прашина. Затоа решив да биде на аукција – рече Андрејчук.

Пред три години, оваа полска спортистка ја водеше и најважната битка во нејзиниот живот. Таа успеа да го победи остеосаркомот (еден вид рак на коските) и повторно да се врати на спортот. Борбата против злобната болест беше исклучително тешка. Хемотерапија, операција, потоа повторно хемотерапија. Таа успеа да го преброди сето тоа и да се врати посилна од било кога.

Медалот на Олимписките игри беше вистинска награда за овој упорен и храбар шампион!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот