„Хулк Академија“ со низа медали и второ место екипен пласман за кадети на „ЕКС-ЈУ Опен“

„Хулк Академија“ оствари големи резултати на „ЕКС-ЈУ“ Опен“ во Белград, Србија/фото: facebook.com/HulkTKDAcademy

Еден од најтрофејните македонски таеквондо клубови, „Хулк Академија“, продолжува со низата успеси на меѓународната сцена.

Хулк Академија“ настапи на еден од најконкурентните мегународни натпревари “EX-YU Open” („ЕКС-ЈУ Опен“) во Белград, Србија, со повеќе од 650 натпреварувачи од шест земји и 58 клубови.

Нашиот клуб настапи со 19 натпреварувачи, при што успеа да го освоив второто место екипен пласман за кадети. Во продолжение ќе ги издвоиме резултатите на:

Петар Ангеловски – 3 доминантни победи златен медал во кадетска конкуренција А класа – 53кг.
Христијан Симоновски на којшто овој настап му беше 12-ти без ниеден пораз – 2 победи во кадетска конкуренција А класа – 61кг.

Димитриј Здравковски – јуниор А класа – 55кг – бронзен медал со апсолутна доминација во првата борба, и за жал изгубена втора борба со разлика од 1 поен.
Ангел Јовановски – кадет А класа – 49кг – сребрен медал со победа во првата борба, но за жал совладан во финалето.

фото: facebook.com/HulkTKDAcademy

Јована Јовановска – пионер Б класа – 27кг. во својот прв настап бронзен медал со 1 победена борба.
Мартин Соколовски – сениор А класа +87кг. денот на настапот беше полн 1 месец активност во клубот. Со голема храброст губи во финалето од далеку поискусен противник.

Душица Стаменова јуниор А класа сребрен медал
Лука Атанасовски кадет Б класа сребрен медал
Андреј Маневски кадет А класа сребрен медал
Михаил Горгиевски кадет Б класа сребрен медал
Михаела Велковска јуниор А класа бронзен медал
Ива Марковска кадет Б класа бронзен медал
Ангелче Трајановски кадет Б класа бронзен медал
Гордан Стојановски кадет А класа бронзен медал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот