Хулигани на Ајакс нападнаа и тепаа родители на јуниори од Феенорд (ВИДЕО)

принтскрин

Навивачите на Ајакс ја упропастија сликата за одличната сезона со еден непромислен потег. Имено, тие се главните иницијатори за големиот инцидент кој се случи во дерби натпреварот од последното коло во јуниорска конкуренција помеѓу Ајакс и големиот ривал Феенорд.

По една шанса за Феенорд, родителите на младите фудбалери од Ротердам бурно реагираа, тоа не им се допадна на хулиганите на Ајакс и почнаа да ги тепаат родителите на трибините.

Целиот хаос се обидуваа да го смират тренерот на Феенорд, Дирк Кајк и неговиот колега од Ајакс, Џони Хејтинга кои веднаш истрчаа на трибината како би ги заштитиле родителите. И спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар се обиде да помогне но веќе беше прекасно и натпреварот беше прекинат.

Челниците на Феенорд го обвинија Ајакс за пропуст во организацијата бидејќи им беше најавено дека на натпреварот ќе присуствуваат само родители на фудбалерите,а не и навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот