Хук: Заканите од Техеран уште повеќе ќе го изолираат Иран

Хамнеи оцени дека САД „кукавички го убија најефикасниот борец против Исламска држава”. Потоа Иран ракетираше две воени бази во Ирак, каде се распоредени и американски војници.

Заканите на Иран само уште повеќе ќе ја изолираат земјата, изјави денеска специјалниот претставник на американското МНР за Иран, Брајан Хук.

Изјавата доаѓа откако иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи рече дека нивната борба би можела да излезе од границите.

Ајатолахот Хамнеи денеска во Техеран ја водеше петочната молитва првпат од 2012 година и повика на единство.

Тој американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „кловн”, кој се преправа дека го поддржува иранскиот народ но „ќе му забие отровен бодеж” во грб.

Хамнеи додаде дека искажувањето тага на погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад, покажа дека Иранците ја поддржуваат Исламска Република.

Хамнеи оцени дека САД „кукавички го убија најефикасниот борец против Исламска држава”. Потоа Иран ракетираше две воени бази во Ирак, каде се распоредени и американски војници.

Ајатолахот Хамнеи (80) ја извршува должноста од 1989 година и го има последниот збор во сите главни одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот