Huawei по секоја цена го сака Android

Кинеската компанија Huawei по секоја цена сака да го задржи Android на своите уреди, затоа што објективно било каква промена на оперативниот систем може драстично да влијае на продажбата на нивните телефони.

Потпретседателката на Huawei, Кетрин Чен изјави дека оперативниот систем Hongmeng не е дизајниран за телефони.

Според нејзините зборови, Hongmeng е наменет за индустриска употреба, а во него постојат дури неколку линии на кодови кои се наменети за употреба на телефони.

Овој оперативен систем првенствено е дизајниран така да може да процесира голема количина на податоци во краток временски период.

Претседателот на компанија Лианг Ху, минатата недела исто така зборуваше дека овој оперативен систем е првенствено развиен за Internet of Things (IoT) уреди, како и дека се уште немаат одлучено дали тој воопшто ќе се користи на мобилните уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот