„Huawei“: Нашите корисници и натаму ќе ги добиваат најновите надградби

„Huawei“ направи значителен придонес во развојот на „Android“ низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на „Android“, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија.

„Huawei“ ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките „Huawei“ и „Honor“ производи на пазарот.

Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот.

Покрај тоа, ги споделуваме официјалните ставови на „Google“ и „Android“:

„Ние во моментот ги исполнуваме барањата и ги согледуваме последиците од тоа. За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на „Google Play“ и „Google Play Protect“ ќе продолжат да работат на постоечките „Huawei“ уреди“, велат од „Google“.

„Во врска со прашањата како ќе одговориме на најновата акција на американската влада: Ве уверуваме дека додека ги почитуваме барањата на американската државна администрација, услугите како што се „Google Play“ и „Google Play Protect“ ќе продолжат да работат на постоечките „Huawei“ уреди“, потенцираат од „Android“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот