8 C
Скопје

Охриѓанка обвинува за негрижа во охридската ковид болница: Сестра ми ја враќаа со 39 температура, баравме врски за прием

 Врските, а не клиничката состојба и симптомите, се причината поради која што денеска сестра ми беше примена во болницата во Охрид, вели за „Слободен печат“ Снежана Билко чија сестра имала покачена телесна температура и снижена сатурација, но сепак според кажувањата на семејството, не добила болнички кревет и хоспитализација додека не пронашле врски.

-Татко ми има 76 години и денеска е хоспитализиран, откако пред два дена го вратија со образложение дека му спаднала температурата. После два дена борба денеска го задржаа иако очекуваме резултати од тестот. Сестра ми која има 50 години и живее со татко ми, се бори три дена дома. Денеска ја вратија, отиде во болницата и ја вратија со образложение дека таква им е процедурата, а тест и закажаа дури во понеделник. Отиде едвај со такси и со 39 степени температура. Прима спрејови за дишење и има прележано три пати запаление на белите дробови. Во охридската болница ја вратија, не ја прегледаа, не и дадоа ниту инфузија. Само ја препратија да се врати дома, да направи крвна слика утре, па да се види како понатаму. Во моментов сестра ми има 40 степени температура и оди повторно сама со такси. Но, најдовме врски за да ја примат. Срам да им е! Дали пациентите се примаат во болница само на умирање? Сега во моментов е на интерно и прима инфузија со падната сатурација, додаде Билко.

Прочитајте и...  САД ја чека пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Таа тврди дека немало хоспитализација за нејзината сестра ниту во модуларната болница која е отворена за ковид пациенти поради зголемениот број на случаи со ковид во овој град.

-Прво била на интерно, па ја вратиле. Па отишла во модуларната болницаа и од таму ја вратија. И ги прашала дали треба да качи 40 степени температура и да ја носат во болница со брза помош, додава Билко.

Директорот на охридската болница, доктор Горан Балевски е изненаден од овој настан. Тој за Слободен печат тврди дека врски не се потребни, зашто слободни кревети има.

-Имаме 50 слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е. Различно се проценува. Не се потребни врски, туку само треба проценка дали некој е болен или не е, ни рече доктор Балески.

Прочитајте и...  Нон-пејперот може да прерасне во „лавина од мала топка снег“

Денешната статистика на Институтот за јавно здравје покажува дека во Охрид има 16 нови случаи со коронавирус. Во последните 24 часа се направени 3701 тестирање а позитивни се 722 нови случаи. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар