Голема полициска акција на јужната граница: Запленети 700 килограми марихуана

Марихуана фото МИА

Полицијата вечерва пресече уште еден меѓународен канал за трговија со дрога. Повторно се работи за марихуана која со камион требало да биде пренесена во Грција. Камионот бил следен и запрен на Богородица. Според првичните проценки се работи за количина од околу поливина тон. Полицијата го потврди и овој случај, но детали како и за претходниот најави за утре. Претходно во голема полициска акција  беше пресечен друг меѓународен канал за транспорт на дрога.

Според првичните и неофицијални информации запленети се околу 200 килограми марихуана во Гевгелија , а две лица се приведени. Марихуаната  требало да биде пренесена од Македонија во соседна Грција. Таа била спакувана во неколку вреќи кои полицијата ги пронашла на самата гранична линија во атарот на селото Селемли. Од МВР само ја потврдија акцијата,  но дополнителни информации не соопштија. Детали најавија во текот на утрешниот ден. Според неофицијалните информации акцијата се уште трае , а претреси се вршат на повеќе локации во гевгелиско.

За случајот веќе била информирана и грчката полиција која започнала интензивно да го пребарува теренот со цел да утврди дали има инволвирано и други лица.

Бидејќи се работи за обемна акција во нејзината реализација биле вклучени одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дроги оружје и опасни материи во координација со агенција за национална безбедност заедно со регионалниот центар Југ  и СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот