Заев: Имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 вакцини ама како да кажам, ако не стигнат?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 ама како да кажам, ако не стигнат?, одговори премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање.

„Во недела ги очекуваме преку ДХЛ да дојдат, министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да се пуштат во промет. Знаете дека вчера објавија и здравство и јас искоментирав јавна изјава  дека 21.000 вакцини од Фајзер се потврдени до крајот на месецов, договорот е конечно стигнат после сите прашања коишто нивните правни служби ги поставија. Фала Богу стигна и од Ковакс информацијата дека ќе испочитуваат до крајот на првиот квартал, тоа значи до крајот на месец март да стигнат првите количини веројатно и тие се некаде меѓу 20-30 илјади вакцини.Во март месец ќе почне масовната вакцинација. покрај здравствени работници, нормално тоа се возрасните граѓани, па оние со хронични болести. Секој ден ќе носи некоја нова информација. Знаете дека се уште очекуваме од Кина, каде што дури плативме аванс, па повлековме аванс, се со цел да потврди Министерството за надворешни работи дека е во ред. Работат и министерот за надворешни работи и министерот за европска прашања, покрај министерот за здравство за час поскоро да ги убрзаме количините. Се јавуваат нови понуди на Астра Зеника. Денеска имам разговор со британски претставници од највисоко ново, да видиме дали може за 7-10 дена и тие да стигнат заради тоа што се работи за ервропска, квалитетна вакцина, така што верувам дека за многу брзо време оваа со право летаргија којшато се јавува во општеството да биде отклонета и да продолжи процесот на вакцинација“, кажа Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот