Далај Лама се извини за изјавата поради која беше обвинет за сексизам

Фото: EPA-EFE/STR

Тибетскиот будистички духовен лидер, Далај Лама, се извини за контроверзните коментари, кои се однесуваа за тоа како треба да изгледа жена, која евенутално би била прогласена за негов наследник, пренесува „Би-Би-Си“.

– Ако наследникот на Далај Лама е жена, тогаш таа мора да биде привлечна, инаку луѓето нема да сакаат да го гледаат нејзиното лице – изјави Далај Лама за Би-Би-Си, а потоа се извини.

Официјални претставници на Далај Лама набрзо се извинија за неговата изјава, сугерирајќи дека само се шегувал.

– Многу му е жал што повредил многу со неговата изјава. Тој искрено се извинува – се вели во соопштението.

Далај Лама „ја разбира контрадикторноста меѓу материјалистичкиот, глобализираниот свет со кој се соочува за време на своите патувања и комплексните идеи за реинкарнацијата, која се наоѓа во срцето на тибетската будистичка традиција”, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот