Продолжува истрагата во куќата на Беливук| Форензичарите го пребаруваат бунарот и нивите, пронашле нови докази

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Истрагата на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија продолжи рано утрово во викенд куќата во Ритопек, во која е се претпоставува дека се мачени и убиени жртвите од „тимот“ на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ.

Локацијата е обезбедена од полицијата уште од синоќа. Во рамките на истрагата, координирана од Министерството за внатрешни работи, БИА и Обвинителството за организиран криминал, пронајдени се нови материјални докази – оружје, муниција и тајна просторија.

Според најновите информации, форензичарите извршиле проверка во бунарот, на нивата зад куќата, како и во тајната просторија. Засега се знае дека форензичарите откриле нови материјални докази кои сугерираат дека најмалку три лица биле мачени и убиени на таа локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот