Изгореа 30 хектaри ниско стеблеста и стеблеста шума во светиниколско

Пожар Фото: ДЗС

 Во Општина Свети Николе опожарени се 30 хектари. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека пожарот повторно е активен во Свети Николе, овој пат во атарот на селото Мездра и патниот правец Свети Николе – Куманово.

Опожарена е ниско стеблеста и стеблеста шума на површина од над 30 хектари. Благодарејќи на брзата интервенција на ТППЕ Свети Николе, земјоделци и граѓани, брзо е локализиран пожарот и истиот е ставен под контрола, додава Велковски.

Во моментов во близина на Општина Свети Николе активен е уште еден пожар. Велковски токму за тој пожар побара локалните власти на соседната општина Петровец да интервенираат, што веќе неколку дена доаѓа од нивна страна, со цел да не биде во опасност и метереолошката станица на Ѓуриште.

Посочи дека постојано го следат овој пожар во соседната општина, кој веќе се доближува на пет километри од атарот на Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот