Селектирани шесте изведувачи што ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022

Евровизија 2022
Евровизија 2022

На официјалниот фејсбук профил на „Евровизија Македонија“ денес се објавени селектираните песни кои ќе влезат во натпревар во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022 кој ќе се одржи во Торино, Италија.

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на  МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска – Кaly
Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“
Автор на музика: Давор Јордановски
Автор на текст: Весна Малинова
Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Јон Ајдини – Yon Idy
Наслов на композиција:  „DREAMS”
Автор на музика и текст: Yon Idy
Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Лара Иванова
Наслов на композиција:  „FLOWER OF SORROW”
Автор на музика: Роберт Билбилов
Автор на текст: Робин Зимбаков
Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Виктор Апостоловски
Наслов на композиција:  „SUPERMAN“
Автор на музика: Владимир Дојчиновски
Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски
Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Андреа Коевска – Аndrea
Наслов на композиција:  „CIRCLES”
Автор на музика: Александар Масевски
Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска
Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Борис Цветановски – Ris Flower
Наслов на композиција:  „FLYING TO BERLIN”
Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower
Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower
Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи видеа со текст кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.
Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се  добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

Со среќа!

Видео на денот