Хрватскиот министер за државен имот поднесе оставка: Ниту еден ден како министер не ми помина мирно

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ денеска поднесе неотповиклива оставка.

Тој, како што рече, ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.

– Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.

Тој ја поднесе оставката после потпишувањето на договорот за подарување државен имот на општината Нови Винодолски, истакнувајќи дека тоа му е последен договор кој ќе го потпише.

– На сите кои сакаат мојот живот да го претворат во хаос им порачувам дека нема да успеат во тоа, рече сега поранешниот министер за државен имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот