Хрватскиот конзул во Барселона под истрага поради перење пари

Фото: ЕПА

Конзулот Жули Барсена Сан Хосе е осомничен дека прифатил пари од продажба на дрога, заработени незаконски од криминална група.

Полицијата во Каталонија започна истрага против почесниот конзул на Хрватска во Барселона поради наводно перење пари за локална криминална група, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист”.

Конзулот Жули Барсена Сан Хосе е осомничен дека прифатил пари од продажба на дрога, заработени незаконски од криминална група, кои потоа ги инвестирал во недвижен имот и скапи автомобили, со цел да ги прикрие трагите.

За сличен криминал се води истрага и против почесните конзули на Албанија и на Мали, Хосе Марија Калмет Иглесиас и Хосе Луис Лопес Фернандес, кои се сомничат за истите дејствија.

Каталонската полиција соопшти на 18 септември минатата година дека уапсила четворица членови на позната криминална група поради перење на пари и шверц со дрога. Истрагата откри поврзаност на криминалната група со почесните конзули.

Барсена Сан Хосе е почесен конзул на Хрватска од 2002 година, уште од времето на хрватскиот претседател Стипе Месиќ и премиерот Ивица Рачан. Според хрватски дипломати, тој веројатно ќе биде сменет од должноста поради причинета штета врз меѓународниот углед на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот