Хрватскиот биолог со добри вести: Откриено што го забавува ширењето на коронавирусот во клетките

Директорот на Институтот за биохемија во Франкфурт Иван Џикиќ изјави денеска дека научниот тим на тој институт успеал да открие како човечките клетки се менуваат по инфекцијата на коронавирусот и дека откриле соединенија кои го забавиле или запреле размножувањето на вирусот.

– Култура на отвореност, вложување во технологии и поттикнување на креативноста на научниците, како и блиската соработка на биохемичарите и виролозите допринесоа до овој успех. Проектот започна пред само три месеци и веќе поттикна нови тераписки пристапи против Ковид-19, рекол Џикиќ, пренесува загребска Н1 ТВ.

Тим на биохемичари и виролози на Универзитетот Гете во Франкфурт тестирале низ на соединенија во лабораториски модели, а добиените резултати овозможуваат потрагата за активна супстанца да се сведе на мал број на веќе одобрени лекови.

Меѓу откриените кои делуваат на спречување на ширењето на вирусот се и две нови потенцијални тераписки стратегии за третман на Ковид-19, како лекот кој рибавирин за кој се започнати клинички испитувања.

Друг потенцијален лек делува на метаболизмот на јаглехидратите во човечките клетки, бидејќи е докажано дека 2ДГ (2-деокси Д-глукоза) ја блокираат гликолизата, важен метаболички пат во ширењето на коронавирусот.

Американската фирма Молекулин Биотек поседува потенцијален лек кој се вика „WP1122“, а делува слично како 2ДГ. Тие најавиле припрема на клиничко испитување на основа на резултатите од Франкфурт.

– Благодарение на технологијата која ја развивме за првпат имавме можност да следиме промените во клетките по инфекцијата на САРС-КоВ-2. Факт е дека нашите откритија можат да поттикнат понатамошни истражувања за развој на лекови, дефинитвно е голем успех, изјави шефот на лабораторијата Кристијан Мунх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот