Хрватски завод за статистика: Намалување на бројот на вработени за 3,6 отсто

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Според податоци на Државниот завод за статистика, во септември годинава, во Хрватска имало 3,6 проценти помалку вработени отколку минатата година, а стапката на невработеност изнесува 8,8 проценти, пренесе агенцијата Хина.

Бројот на вработени на годишно ниво падна за 3,6 проценти, а пораст на бројот на вработени последен пат е забележан во април.

Бројот на вработени во приватниот сектор и слободните професии на годишно ниво е помал за 4,5 проценти. Благ пад на вработеноста на годишно ниво е забележан и во земјоделството за 0,2 проценти.

Најголем пад на вработеноста на месечно ниво е забележан во образованието за 0,8 проценти, а најголем пораст, за 1,4 проценти, во обезбедувањето на сместување и подготовка на храна и услуги.

На годишно ниво, најголем пад на бројот на вработени е забележан во туризмот и угостителството.

Стапката на невработеност во Хрватска е 8,8 проценти, додека во септември минатата година таа беше пониска за 2,1 процентен поен и изнесуваше 6,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот