Хрватските сеизмолози предупредуваат за можен земјотрес во Дубровник

Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредува дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.

– Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри, појасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод.

Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси.

„Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре“, истакна сеизмологот.

Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот