Хрватски професор ја објаснува причината за земјотресите во Хрватска

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Јосип Штипчевиќ од природно математичкиот факултет во Загреб објаснува дека главната причина за денешните и вчерашните земјотреси кои ја потресоа Хрватска се наоѓаат многу подалеку од локацијата на земјотресот, поточно во Јадранот.

Тој се обиде да објасни нешто повеќе за страотниот земјотрес што изминативе денови ги тресе Петриња, Сисак, Глина и околни места.

Ова е објавата која Штипчевиќ ја објави на неговиот фејсбук-профил.

Денешниот земјотрес се случи на расед што се протега приближно во правец на северозапад-југоисток и поминува низ Покупље во близина на Петриња и Глина.

Facebook
Јосип Стипчевиќ/Facebook

Овој расед е гранична точка помеѓу два многу различни тектонски блока, Динаридите и Панонскиот басен. Затоа, може да се каже дека преку овој расед се компензираат различните поместувања.

Главната причина за денешните и вчерашните земјотреси се наоѓа многу подалеку од локацијата на земјотресот, поточно во јадранската област. Јадранската област е мала тектонска плоча која некогаш била дел од големата Африканска плоча од која се одвоила пред милиони години. Оваа „нашата“ мала плоча се нарекува Јадран и нејзиното движење и интеракција со Европа е причина за земјотресите во Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Словенија и сите околни области.

Влијанието на оваа интеракција е највидливо во областите долж јадранскиот брег, каде планинските масиви јасно ги означуваат границите на Јадранот во однос на другите тектонски плочи. Исто така, најсилните земјотреси се случуваат токму во области кои се близу до различни плочи, но ова влијание не е ограничено на тие тесни зони, туку делумно се пренесува на поширокиот регион.

Ако подетално го погледнеме системот на раседи на кој се случи денешниот земјотрес, можеме да видиме дека поместувањето на крилјата на раседот кај овој земјотрес беше странично, односно поместувањето беше хоризонтално и се случи на површина вертикална на површината.

Facebook
Јосип Стипчевиќ / Facebook

Овој механизам на земјотресите е многу невообичаен за Хрватска, каде повеќето земјотреси поради притисокот на Јадранот имаат режим на компресија во кој едното крило на раседот се крева по другото. Првичните проценки сугерираат дека земјотресот се случил на раседот кој се протега северозапад-југоисток и дека должината на прекинот на раседот била околу 25 км. Ваков сеизмички механизам и распоред на раседите укажува на тоа дека северниот дел на раседот се префрлил кон исток.

Последниот силен земјотрес во оваа област се случи во 1909 година кога Покупље го потресе разорен земјотрес од јачина од 5,8 степени.

По овој настан, кога се ослободи еластичната енергија заклучена во карпестата маса околу раседите, започна нов циклус на напон на површините на раседот поради дејството на тектонските сили.

Оттогаш па сѐ до денешниот земјотрес, тектонските сили ги напрегале карпите во таа област до степен на пукање и уривање што ги предизвика денешните катастрофални потреси во областа Глина и Петриње.

Исто така е важно да се погледне необичната низа настани во оваа шокантна серија. Иако се надевавме дека вчера се случи главниот земјотрес, за жал, се покажа дека бил за претходник на денешниот посилен земјотрес.

Се разбира, можно е да се случи уште поголем удар во наредните денови, иако тоа е многу малку веројатно. Она што засега е сигурно е дека ќе има многу повеќе последователни земјотреси, од кои некои ќе бидат доста силни и може да предизвикаат дополнителна штета. Денешниот земјотрес и неговите катастрофални последици сепак ќе бидат од некаква корист. Од досегашните земјотреси и оние што ќе се случат во наредните денови и недели, ќе научиме многу и тоа ќе овозможи спречување на разорни последници од идни земјотреси во Хрватска – напиша професорот.

ВИДЕО | Страотни снимки ја доловуваат огромната штета: Погледнете како изгледа Хрватска ден по земјотресите

ФОТО | Една фотографија, илјада емоции: Куче во Хрватска сѐ уште ја чува куќата, иако земјотресот ја срамни со земја

ВИДЕО: Градот кој многу страдаше во војната сега погоден од земјотрес – Хрватска се крена на нозе, помош пристигнува од сите страни, разговор со Зринка Врабец Мојзеш

ФОТО | Спасена жена од урнатините во Петриња: Четири часа копавме да ја извлечеме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот