Хрватски навивачи со одвратен транспарент за силување на српски жени и деца, Вучиќ: Тие се педофили и болни

Покрај ужасниот транспарент и знамето на ХОС ги истакнале и обележјата на Црвена Звезда и Партизан, кои, се претпоставува, се одземни во навивачки пресметки.

Полицијата приведе четворица припадници на навивачката група на Динамо Бед Блу Бојс кои се доведуваат во врска со транспарентот „Ќе  е*еме српски жени и деца“ истакнат вчера на загребска Кустошија.

Полициајта и покрај поинаквите информации, вчера не пронајде никој од насобраните 15-тина момчиња кои запалија бакљи и ја кренаа гнасната порака на која, меѓу другото беше и усташкото „У“, покрај знамето на ХОС, објави Индекс.хр.

Тогаш за тој транспарент полицајците не знаеле, туку добиле дојава од соседите кои не биле воодушевнеи од она што им се случувало под прозорците.

Цртањето графити прославено со бакљи и пораки за силување на српски жени и деца

Групата, во текот на денот во Кустошљанска улица цртала навивачки графит кој пак е верзија на познатиот транспарент на навивачката група Бед Блу Бојс, а успешното цртање го прославиле со бакљи и пораки за силување на српски жени и деца, испишани на транспарентот.

Покрај ужасниот транспарент и знамето на ХОС ги истакнале и обележјата на Црвена Звезда и Партизан, кои, се претпоставува, се одземни во навивачки пресметки.

Но, кога полициајта излегла на терен, знаела само за нарушување на јавниот ред и мир. На самото место, велат од полцијата во Загреб, не затекнале никого, што значи дека групата заминала пред доаѓањето на полицијата.

Откако фотографијата која ја направил фотографот Никола Шолиќ денеска стигна во медиумите со посрество на Српскиот народен совет кој прво ја објави, полициајта приведе четворица мажи.

Шолиќ за Индекс, раскажа дека во моментот на гнасниот перформанс, случајно дознал поминувајќу низ улицата. Се се одвивало околу 21 часот.

„Пееја: Убиј, убиј го Србинот“.

„Инаку одам со автобус и веројатно не би забележал, но сега одев пешки. Ги слушнав како ја извикуваат онаа песна „Убиј, убиј го Србинот“ која се толерира веќе 30 години на стадионите, многу пати сум ја слушнал бидејќи работев и како спортски фоторепортер. Направил три фотографии со мобилниот и ги објавив поради песната која ја пееја, а дури кога почнаа луѓе да ми пишуваат пораки, сфатив како порака држеле“, раскажува Шолиќ.

Рече дека сето тоа се одвивало среде улица, пред едно кафуле кое инаку се изнајмува.

Во полицијата во Загреб за Индекс рекле дека немаат нови информации и дека криминалистичката истрага е во тек и дека потоа ќе биде познато за што се ќе се товарат момчињата и дали ќе има уште приведени.

За оние за кои ќе се утврди дека учествувале во држењето и/или изработката на одвратниот транспарент речиси е сигурно дека кривично ќе одговараат за предизвикување нереди според член 324 од кривичниот закон и за кое дело е пропишана затворска казна од шест месеци до пет години.

Низ навивачките кругови се шират информации дека станува збор за локални припадници на Бед Блу Бојс од Кустошија, од редот на помлади поединци. Постарите навивичи пак наводно испратиле порака со извинување поради навредливиот транспарент.

Реакции на политичарите од српска и хрватска страна

Хрватскиот државен врв исто така се огласи како и некои од видните политичари во оваа земја.

Актуелниот премиер Андреј Пленковиќ настанот го осуди правејќи се како и вообичаено, дека не знае точно за што се работи.

„Било што такво најостро го осудувам, не видов за што станува збор, за тоа нема место во јавниот простор. Тоа е неприфатливо и тука нема дилеми“, рече тој.

Поранешната премиерка Јадранка Косор на социјалните мрежи напиша:

„Во држава која претседава со ЕУ навивачи гнасно им се закануваат на деца и жени припадници на национално малциство со фашистички поздрав за кој некои функционери тврдат дека има „двојна конотација“ и дека исклучително може да се употребува. Срамота. Се“.

Своја изјава за гнасниот транспарент даде и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Тие луѓе треба да одат на лекување зошто очигледно се педофили. А силувачите секогаш одат во иста категорија со педофилите. Тоа повеќе говори за нив отколку за Србите, нашите жени и деца, рече Вучиќ.

 

Српскиот претседател Вучиќ одговори на гнасниот транспарент на хрватските навивичи Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тој одговори и за постојаните напади врз него од страна на хрватските медиуми:

„Не би ме напаѓале ако барем малку не вредам. Некои порано не ме напаѓаа, а тогаш немавме ни војска, ни полиција, ни фабриката Будимка, ни автопати, немавме ништо“, одговори тој.

„Ги почитуваме Хрватите, им посакуваме се најдобро, но јас не можам да се извинувам за Бура, Блесак, Јасеновац, десетици илјади протерани… Ние сакаме добри односи со нив, но што посилна ќе биде Србија и тие напади ќе бидат се поголеми“, рече Вучиќ.

Инаку во Србија трае кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 21 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот