Нов напаѓач во редовите на Шкупи (ФОТО)

fcshkupi.com

Овој корпулентен напаѓач ќе се обиде со Шкупи да придонесе во што подобри резултати во квалификациите од Лига Европа.

Јурина наредната сезона ќе игра како позајмица, со можност да биде продолжена соработката.

Потсетување дека Шкупи предводен од тренерот Умит Каран во првото квалификациско коло од ЛЕ ќе ги одмери силите против ерменскиот состав на Пјуник.

Минатата сезона Јурина одигра вкупно 23 натпревари во Челзи, беше стрелец на два голови, а воглавно настапуваше на позициите десно крило и централен напаѓач.

Претходно во текот на кариерата ги бранеше уште боите на Хајдук, Зрињски, Задар, Чапљина, Копер, Кршко, Етелбрук (Луксембург), Анкаран (Словенија).

Потсетување дека претходно сенегалско трио потпиша за тимот од Чаир, а беа ангажирани уште две имиња кои треба да го засилат бедемот пред голот, Бојан Ѓоргиевски и Дарко Илиески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот