Хрватски експерт за кафе ја открива тајната за најубавото турско кафе

Unsplash
Unsplash

Подготвувањето на турско кафе е посебна вештина и начинот на кој традиционално се подготвува е погрешен, вели Роберт Пудиќ, експерт за кафе за „24 сата“.

Пиењето турско кафе е традиција и дел од секојдневието на народот на целиот Балкан. Многумина сè уште не можат да го замислат утрото без добропознатиот мирис и вкус на турско кафе.

Кај нас обично се зоврива вода со или без шеќер, се става кафе, го ставате повторно на оган и тоа е тоа. За лоша суровина, таквата постапка е добра, но кафето треба да биде со интензивна арома и вкус, а вие сте го уништиле со долгото подготвување. Земете ѓезве, ставете вода и зовријте ја. Без шеќер е идеално. Тргнете го од оган, почекајте 20-30 секунди за да се излади малку водата, додадете го кафето во водата, промешајте, покријте го и оставете го настрана. Не го враќајте на огнот. На овој начин ќе ја зачувате аромата, вкусот и есенцијалните масла“, вели Пудиќ.

unsplash

Тој вели дека колку подолго го држите кафето покриено, толку повеќе ќе се ослободува арома, но, со тоа ќе се зголеми и горчината. Кога ќе почне да се лади, горчината се претвора во киселина, па кафето ќе ви биде покисело, затоа најдобро да почекате само една до три минути.

Постои уште една техника – ставате кафе во ладна вода, мешате и варите на средна топлина. Кога ќе се загрее водата, намалете ја топлината за да го забавите процесот, а пред точката на вриење, кога ќе се формира првиот меур на површината непосредно пред да зоврие, тргнете го од оган. Овој метод е најдобар за врвно кафе затоа што на тој начин аромата ќе дојде најдобро до израз“, советува експертот.

unsplash

Кафето може да биде одличен топол пијалок што ќе го подобри вашето здравје и ќе ви овозможи да уживате во стимулативни ароми. Но, секако, доколку го консумирате умерено, што значи максимум една до две шолји на ден и нема да предизвикаат негативни и несакани ефекти.

Кафето го „буди“ организмот и ја зголемува концентрацијата и вниманието, но доколку се консумира во значително поголеми количини, може да предизвика несакани ефекти како што се зголемен пулс, нервоза и вознемиреност.

unsplash

Лекарите често советуваат да се избегнува кафе со цел спречување на срцеви аритмии, но новите студии откриваат дека кафето всушност го намалува ризикот од атријална фибрилација и други срцеви аритмии“, вели д-р проф. Никша Дринковиќ, интернист и кардиолог.

Тој вели дека редовната и умерена консумација на кафе исто така може да го намали ризикот од мозочен удар, развој на деменција.

unsplash

Бремените жени особено треба да внимаваат со кафето, да избегнуваат внес над 200мг кофеин на ден поради ризици од вродени срцеви маани кај бебето, забавен раст на фетусот, предвремено породување и спонтан абортус. Истата препорака важи и за мајки кои дојат и за жени кои имаат потешкотии со зачнување“, советува тој.

Кофеинот е растворлив во вода и се апсорбира во организмот по 45 минути од консумацијата. Функционира со блокирање на аденозин, супстанца во мозокот што влијае на циклусот на спиење и будноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот