Хрватски аналитичар со скандалозна изјава за Србија и селекторот Пикси, „ХРТ“ се огради од неговите ставови

Хрватскиот аналитичар Јосип Јеличиќ даде скандалозна изјава за Србија и селекторот за селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Стручниот коментатор на „ХРТ“ со својата изјава пред почетокот на првенството предизвика бурни реакции, а телевизијата во која гостуваше се огради од неговите ставови.

„Кога во прашање се Србите, во смисла на нивното его и внатрешните проблеми мене ми е драго што се на натпреварувањето бидејќи нема да биде досадно. Посебно ако изгубат во првиот натпревар што е и очекувано. Се надевам нема да се распаднат, ќе има многу материјал, веќе долго не сме виделе кој со кого, кој кого и така…“, зборуваше Јеличиќ кој очигледно малку избега од фудбалот…

По таквата изјава посебно го критикуваше Пикси.

„Нивниот проблем е што селекторот ништо не носи. Мораат да имаат појасна хиерархија, не во смисла на кој е поголема ѕвезда. Пикси и неговите изјави, го гледавме како го пцуе својот играч на пријателски натпревар, го прави се она што веќе долго го немаат и веројатно никогаш нема да го имаат култот на репрезентацијата“, изјави Јеличиќ.

Набрзо потоа „ХРТ“ објави дека се оградува од ставовите изнесени во нивната емисија.

„Наведените ставови не се ставови на Хрватската радио-телевизија“, соопштија од хрватската телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот