Хрватската старлета ноќта ја поминала со султан „тежок“ 250 милиони долари! (ФОТО)

Хрватската старлета и тв-лице Нивес Целзиус (38) открила дека пред седум години имала прилика да го запознае Премиерот и 29. Султан од Брунеи, Хасанал Болкија (73). Таа открила како изгледало тогаш дружењето меѓу нив.

Синот на султанот, Ал-Мухтаде Билах (46) е сопственик на фудбалскиот клуб Брунеи „ДПММ ФК“ во кој на почетокот на 2013 година заигра Дино Дрпиќ (38), поранешен сопруг ан Нивес Целзиус.

Дино уживал во егзотичниот азиски остров. Хасанал го сместил во луксузен хотел и му даде личен возач, а таму го посетила и Нивес пред седум години. На летот долг 36 часа, друштво и правела тогаш петгодишната Таиша. Синот Леон тогаш го оставила во Загреб поради училишните обврски, а го чувала неговата баба.

Фото: Профим

– Дојдовме во моментот кога завршуваа со загревање, 15 минути пред почетокот на натпреварот. Таиша незнајќи дека е на работното место на татко ѝ, истрча на теренот да го прегрне. Луѓето беа малку збунети, но дозволија да се поздрави – раскажала тогаш Нивес.

По неколку дена престој во Брунеи, Целзиус кажала дека многу и се допаднала таа земја. Таа кажала дека би сакала да изнајмат вила на море и да живеат таму.

– Во овие неколку дена откако сум тука, скоро се ми се допаѓа. Првите денови имавме доста работи околу преселувањето во стан, но сега ги решвиме тие работи и уживаме. Луѓето се драги, живееме во населба која е многу мирна и во која повеќето се странци. Планираме да го прошетаме целиот Брунеи – зборувала Нивес тогаш.

– Ќе останеме месец дена тука, а кога ќе заврши училиштето, со нас доаѓа и синот Леон – изјавила Нивес, која верувала дека ќе го маѓепса султанот. Планирала да се пресели во Азија, бидејќи и било доста од балканскиот менталитет.

Меѓутоа, Нивес тогаш го запознала внукот на познатиот диктатор и владател на островот. Пред доаѓањето на неговата роденденска забава, таа добила наредба да не се облекува многу провокативно.

– Малку се изморив околу облеката, бидејќи ме замолија да не сум премногу провокативна – напишала тогаш на социјалните мрежи.

Го облекла фустанот кој ги криел сите нејзини атрибути, но покажала рамена и нозе.

Идилата на Брунеите не траела долго. Фудбалскиот клуб му го раскинал договорот на Дрпиќ по само четири месеци и така плановите за летување и пропаднале на Целзиусл.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот